Интернет технологии е задолжителен предмет во 3-ти семестар на студиската програма телекомуникации и информациско инжинерство (ТКИИ) и на Компјутерски Технологии и Инжинерство (КТИ), кој носи 6 кредити.

Фондот на часови е: 3+1+1+0.

Содржините кои се нудат во Интернет технологии се многу актуелни денес и ќе бидат и во иднина, посебно имајќи во предвид дека IP (Интернет) е единствена платформа за сите комуникациски сервиси и апликации (говор, видео, аудио, мултимедија, веб, пораки, играње, итн.) преку сите типови мрежи (жични и безжични). Притоа, предметот е креиран така да претставува целина сам по себе, при што содржината е направена да биде многу актуелна и интересна.