Дизајн и моделирање на телекомуникациски мрежи е изборен предмет во 7-ми семестар на студиската програма телекомуникации и информациско инжинерство (ТКИИ), кој носи 6 кредити.

Фондот на часови е: 3+1+1+0.

Предавањата по Дизајн и моделирање на телекомуникациски мрежи се покриени од проф. д-р Тони Јаневски, а вежбите ги држи доц. д-р Томислав Шуминоски.

Содржините кои се нудат во Дизајн и моделирање на телекомуникациски мрежи се многу актуелни и се суштински за секој инжинер во областа на комуникациските и информациските технологии, бидејќи се однесуваат на практични аспекти на дизајн и моделирање на конкретни мрежи за конкретни сервиси со зададени перформанси, како што е дизајн на корпоративни IP мрежи, дизајн на мобилни мрежи со зададен QoS (Quality of Service), дизајн на xDSL пристапни мрежи, дизајн на кабелски мрежи, дизајн на скелетни (backbone) мрежи, дизајн на мрежи за говор преку IP (VoIP), итн.