Безжични IP мрежи  е изборен предмет на студиската програма телекомуникации и информациско инжинерство (ТКИИ) во 8-ми семестар, кој носи 6 кредити.

Фондот на часови е: 3+1+1+0

Содржините кои се нудат во Безжични IP мрежи се многу актуелни имајќи во предвид дека развојот на мобилните мрежи во целост се движи кон IP (Интернет) технологиите, вклучувајќи ги и безжичните мрежи (WiFi, WiMAX) и мобилните мрежи (GPRS/EDGE, UMTS, 4G). Притоа, акцент ќе биде ставен и на мобилноста и на самите сервиси/апликации кои се клучна движечка сила во денечните безжични/мобилни мрежи.