Содржина на предметната програма: Теорија на електромеханичко претварање на енергијата во електроенергетските уреди ЕЕУ. Теоретски основи на Трансформаторите, машините на еднонасочна струја (МЕС), машините на наизменична струја. (МНС). Видови, поделба, конструктивна изведба и примена на ЕЕУ. Основни равенки, енергетски дијаграми, раборни карактеристики. Улога на Трансформаторите и Генераторите во Електроенергетскиот систем. ЕЕУ за искористување на Обновливите извори на енергија. Интелегентни ЕЕУ за штедење на електрична енергија. Енергетска ефикасност на ЕЕУ. Моделирање на динамиката на ЕЕУ со помош на МАТЛАБ/СИМУЛИНК софтверскиот пакет. Основни поими за Регулација на брзината, положбата, моментот, напонот на ЕЕУ. Анализа и Синтеза на регулационите кругови и избор на соодветен ПИД регулатор за оптимална регулација. Основни поими на векторска регулација на асинхроните мотори/генератори. Поим за адаптивна регулација и регулација со помош на модели (обсервери). Практични испитувања на работните карактеристики на ЕЕУ во лабораториски услови.