семестар: VIII (задолжителен)

насока: КТИ

професор: д-р Данијела Ефнушева

асистент: м-р Ана Чолакоска

Целта на курсот е студентите да се запознаат со постапките и механизмите за заштита кај компјутерските системи, заштитните и безбедносните механизми кај оперативните системи, детекција и одбрана од вируси и тројански коњи и заштита со механизам на заштитни ѕидови(firewalls). Студентите ќе се стекнат со познавање на заканите од безбедносен аспект, како и соодветните механизми и постапки што се применуваат кај компјутерските системи за подигање на нивото на безбедност и заштита во однос на неовластениот пристап.