Целта на курсот е запознавање со мрежните стандарди според IEEE и ETSI, различните по намена и архитектура мрежни уреди и оперативните системи за нивна контрола и управување. Предметот овозможува запознавање на студентите со различните типови мрежни уреди, нивната намена, организација и архитектура, оперативните системи за нивно програмирање, како и постојните стандарди од подрачјето на компјутерско-комуникациските мрежи.