Курсот има за цел да ги запознае студентите со основните поими и појави од електростатиката и електромагнетизмот, со основните закони и теореми  во теоријата на електрични кола и со некои методи за анализа на електрични мрежи со временски константни струи и напони. По завршувањето на курсот студентот ќе е оспособен за користење на основните законитости во електротехниката при решавање на конкретни проблеми во инженерството. 
Студентите ќе идат оспособени за решавање на проблеми за определување на електростатско и магнетно поле, електричен потенцијал и енергија, електромоторна сила и индуктивност и користење на основните методи за решавање на електрични кола со отпорници напојувани со временски константни извори.