Site news

Систем за евиденција на настава на ФЕИТ

Систем за евиденција на настава на ФЕИТ

by e-kursevi admin -
Number of replies: 0

Почитувани студенти,


Ве известуваме дека од Вторник (03.05.2016 год) ќе започне функционирањето на Системот за Евиденција на одржаната настава на Факултетот за електротехника и информациски технологии. До крајот на семестарот Системот ќе функционира во тест фаза, со цел да се отстранат сите грешки кои ќе бидат забележани од наставниот кадар и студентите, а истовремено ќе биде овозможено тестирањето да се врши со реални податоци. 

За време на запишувањето на тековниот семестар Ви беа поделени картичките за Евиденција кои ќе се употребуваат во регистрирањето на Вашето присуство на часовите од вашите запишани предмети според распоредот за тековниот семестар.

Системот фукционира само за предавалните во главната зграда: 109, 110, 111, 122, 211, 212, 223.

Во продолжение се дадени одредени правила според кои ќе се врши евиденцијата на присуството на наставата:

1. Обврската за евиденција на наставата важи само за студентите кои се водат во системот iknow.

2. Секој студент е задолжен секојдевно да ја носи својата картичка за евиденција и да ја користи за најавување на своето присуство на часовите на своите запишани предмети.

3. Студентите кои не ги подигнале своите картички за Евиденција, тоа можат да го сторат во студентската служба на ФЕИТ. Картичките се изготвени за сите студенти кои регуларно го запишале семестарот.

4. Студентите имаат обврска да ги чуваат доделените картички. Губењето на картичките ќе биде санкционирано.???

5. Присуството на часовите се евидентира (се најавува) само еднаш за блок часови (без разлика дали блокот трае 1, 2 или 3 часа) (но посебно за предавања, посебно за аудиториски вежби, дури и да ги држи ист наставник).

6. Најавата се евидентира за тековниот час само во периодот 15 минути пред и 15 минути по започнувањето на часот според распоредот. ( На пр. ако часот започнува во 08:00 h, најавата може да се направи од 07:45 до 08:15 h). Најава направена надвор од овој интервал нема да се евидентира како присуство на часот.

7. Студентите имаат право да се најават на првиот, или на вториот, (или на третиот) час од блокот, но ќе бидат евидентирани само од тој час па натаму во блокот часови.

8. НЕ ТРЕБА да се прави ОДЈАВА од блокот часови.