Site news

Известување за Воведен курс по програмирање на ФЕИТ - Code@FEIT 2016

Известување за Воведен курс по програмирање на ФЕИТ - Code@FEIT 2016

од e-kursevi admin -
Број на одговори: 0

Информација за курс

 

Вовед во програмирање Code@FEIT 2016

 

 

Code@FEIT 2016 е воведен курс за програмирање кој традиционално по петти пат оваа година ќе биде организиран од Институтот за компјутерски технологии и инженерство при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).  Курсот е првенствено наменет за идните (ново-запишани) студенти на ФЕИТ без претходно програмерско искуство, како и за сегашни студенти на ФЕИТ кои сметаат дека би имале корист од посетување на курсот, но исто така и за сите оние кои би имале желба да се запознаат со основите на програмирањето.

 

Во пет работни денови со четири часа активности, слушателите на курсот ќе имаат можност да се запознаат со основите на програмирањето и дизајнирањето алгоритми. Во текот на предавањата, преку интерактивна настава слушателите ќе се здобијат со почетни и практични знаења од областа на програмирањето и преточувањето на проблемите во алгоритми, а потоа во програмски код.

 

Целта на Code@FEIT 2016 е да покаже нов пристап кон програмирањето и да ги мотивира младите да учат да програмираат и да креираат софтверски апликации. Курсот е наменет за сите заинтересирани без разлика на старост, претходни познавања и професионална определба, секако со одредено ограничување на бројот на слободни места.

 

Code@FEIT 2016 е организиран од Институтот за Компјутерски технологии и инженерство (КТИ) при ФЕИТ, во соработка со Факултетскиот компјутерски центар – ФЛАОП. Наставата целосно ќе биде покриена од наставниот и соработнички кадар на Институтот за КТИ. Курсот ќе се одвива во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, секој работен ден почнувајќи од 12ти Септември 2015 до 16ти Септември 2016 година.

 

За подетални информации за Code@FEIT 2016 посетете ја web страната на ФЕИТ http://www.feit.ukim.edu.mk или на e‐mail: codeatfeit@feit.ukim.edu.mk.