Site news

Свечено Отварање на СКЕЕОР 2016

 
 
Picture of e-kursevi admin
Свечено Отварање на СКЕЕОР 2016
by e-kursevi admin - Monday, 21 November 2016, 11:50 AM
 
Почитувани студенти, Во периодот од 24ти до 26ти ноември во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се одржи Четвртата по ред „Студентска конференција енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2016“ под покровителство на ФЕИТ и во соработка со македонската секција на IEEE и Мако Сигре.

Ги покануваме сите студенти да присуствуваат на свеченото отворање на конференцијата на 24.11.2016 (четврток) во амфитеатарот на ФЕИТ и МФС со почеток во 10:00 часот.
По отварањето, воведни предавања ќе одржат Проф. Д-р. Миле Станковски од Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје и Проф. Д-р. János Mizsei од Универзитетот за технологиja и економија во Будимпешта.

На конференцијата ќе бидат презентирани трудови од студенти на додипломски и последипломски студии од повеќе факултети и ќе бидат одржани пленарни предавања од професори и компании. Презентациите ќе се одржат во салата за конференции и присуството е слободно за сите заинтересирани студенти.

За подетални информации посетете ја веб страната на конференцијата http://skeeor.feit.ukim.edu.mk