Site news

IEEE предавање Fujisaki 26.09.2016 во 12:00 во сала за состаноци на ФЕИТ

IEEE предавање Fujisaki 26.09.2016 во 12:00 во сала за состаноци на ФЕИТ

од e-kursevi admin -
Број на одговори: 0

Почитувани колешки и колеги,

    Со големо задоволство Ве поканувам на предавањето „Интеракции на нелинеарни биомедицински системи“ од доц. д-р Томислав Станковски, раководител на Катедрата за Медицинска Физика при Медицинскиот факултет, УКИМ во Скопје. Предавањето ќе се одржи на 06.12.2016 г. (вторник) со почеток во 12:00 часот, во салата за состаноци на ФЕИТ. Во него ќе бидат претставени основните теоретски поими од нелинеарната биомедицинска физика, со посебно внимание на интеракциите и на Функциите на Спрега (Coupling Functions),  методите за сеопфатна анализа на биомедицински сигнали, како и нивните апликации во биомедицината.
    Предавањето ќе биде одржано во рамки на редовните активности на здружените оддели SP/EMB (процесирање на сигнали и инженерство во медицината и биологијата) и ED/IM/SSC (електронски компоненти, инструментација и мерења, полупроводнички кола) од македонската секција на IEEE.

    Во исто време би сакал да Ве известам дека слајдовите од серијата предавања на проф. Фуџисаки се објавени на сајтот на DIPteam http://dipteam.feit.ukim.edu.mk/ .

    Во продолжение и во прилог се апстрактот од предавањето и кусата биографија на предавачот.

Со почит,
Бранислав Геразов
Претседател на здружениот оддел за SP/EMB


IEEE SP/EMB и ED/IM/SSC предавање


Тема: Интеракции на нелинеарни биомедицински системи

Предавач: д-р Томислав Станковски

Датум: 06.12.2016

Време: 12:00

Просторија: Сала за состаноци при ФЕИТ

Апстракт: Многу од процесите во природата, а особено во биолошките системи, се осцилирачки. Со проучување на динамичките карактеристики на ваквите нелинеарни осцилатори и нивните интеракции може да се откријат многу значајни особини и функции кои ефективно ги карактеризираат и квантифицираат состојбите или болестите на живиот свет. Во предавањето накратко ќе бидат претставени основните теоретски поими од нелинеарната биомедицинска физика, со посебно внимание на интеракциите и на Функциите на Спрега (Coupling Functions). Потоа подетално ќе се опише група на методи за сеопфатна анализа на биомедицински сигнали, вклучувајќи методи за одредување на: јачина на осцилации, координација на осцилации, каузалност/дирекционалност на интеракции и механизми на интеракции. Посебно внимание ќе се посвети на последната група методи, односно на методот за Динамичка Баесова Инференција (ДБИ). Следствено, ќе бидат претставени неколку значајни апликации на овие методи во биомедицината, вклучувајќи реконструкција на кардиореспираторна функција на спрега и карактеризација на неоруфизиолошки процеси под дејство на променливо дишење, ефект од стареење на кардиореспираторните интеракции кај човекот, реконструкција на мозочни крос-фреквентни функции на спрега, ефект на анестезија над осцилаторните интеракциите меѓу срце-плуќа-мозок, и ефект на хипертензија над интеракции во микроваскуларните осцилации. Ќе биде претставена и една техничка примена на овие методи за конструкција на сигурноста енкрипција базирана на функции на спрега.

?_task=mail&_action=get&_uid=11121&_mbox=INBOX&_part=2.2&_embed=1

Временско променлива кардиореспираторна функција на спрега

Кратка биографија на предавачот: Д-р Томислав Станковски дипломирал на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии, на отсекот Компјутерска, Техника, Информатика и Автоматика (КТИА) во 2008 година. Докторски студии во областа на Биомедицинска Физика завршил на Оделот за Физика, при Факултетот за Наука и Технологија, на Универзитетот во Ланкастер, Англија, Велика Британија, каде исто така работел три години на пост-докторат. Од 2015 е вработен како доцент на Медицинскиот факултет, УКИМ во Скопје, каде предава Биофизика и е раководител на Катедрата за Медицинска Физика.