Site news

Настан на ФЕИТ утре (четврток 26.04.2018): Re-think by Solveo

Настан на ФЕИТ утре (четврток 26.04.2018): Re-think by Solveo

by e-kursevi admin -
Number of replies: 0

Се известуваат студентите на ФЕИТ дека утре - Четврток (26.04.2018) во 15 h во просторија 109 на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се одржи презентација на настанот Re-think во склоп на IT NOVUM и Скопје Креатива. На настанот може да учествуваат и студенти од техничките факултети кои може да се пријават најдоцна до 02.05.2018. Повеќе информации во прилог и утре за време на настанот.

----------------------------------------------------------------------------------------------

Во организација на Солвео заедно со M3DS, академија за 3D моделирање, ќе се организира тридневен настан кој ќе се одржи во периодот од 11.05 до 13.05.2018, во Македонскиот Културен Центар (МКЦ), во склоп на IT NOVUM и Скопје Креатива.

Настанот е насловен: Re-think и претставува креативен маратон каде над 100 студенти од различни области (економија, информатика, архитектура, дизајн, итн.) ќе работат во мултидисциплинарни тимови кои ќе имаат можност да креираат идејни решенија за понапредно функционирање и живеење во градот. 

Со цел студентите да се запознаат подобро со можностите што ги нуди настанот ќе биде направена кратка презентација пред студентите за тоа што ќе се случува за време на настанот и што може тие да добијат од учеството во него. Учеството во натпреварот е бесплатно, и може да биде вредно практично искуство за сите студенти, затоа што ги поттикнува да размислуваат, да истражуваат и да решаваат реални проблеми.