Запознавање со тоа што се флексибилни автоматизирани системи и нивно моделирање, со посебен осврт на петри мрежи. Хардверски и софтверски елементи на управувачките структури.
Совладување на методологијата за моделирање и симулација на флексибилни технолошки системи базирана на Петри мрежи.
Совладување на одредени софтверски алатки за симулација и анализа на флексибилни производни процеси.
- Наставник: Gorjan Nadzinski
- Наставник: Vesna Ojleska
Програмабилни логички управувачи како дел од управувачки системи. Конструкција, структура и работа на ПЛУ. Поврзување на дигитални влезно излезни модули. Поврзување на аналогни модули. Поврзување на специјални и комуникациски модули. Скалесто програмирање. Графичко програмирање. Практична примена на ПЛУ. Управување на индустриски лифт со ПЛУ. Управување на производна линија со ПЛУ.
- Наставник: Gorjan Nadzinski
Оптимални линеарни системи на управување со повратна спрега; Проблеми на детерминисрички линеарни оптимални управувачи; Решение во стационарна состојба; Нумеричко решение на Рикатиевата равенка; Оптимална линеарна реконструкција на состојбите; Естимација и управување; Набљудувачи; Дуалност на оптимален набљудувач и оптимален управувач.
- Наставник: Vesna Ojleska
Општи аспекти на процесна автоматизација; Физички основи и карактеристики на технолошкиот процес Автоматизација на термоенергетски објекти, Автоматизција на хидромеханички процеси, Транспорт на флуиди, Мешање на течности, Филтрирање и очистување на гасови, Загревање и ладење на течности во топлоизменувачи, Термоенергетски агрегати и согорување на фосилно гориво и гасни агрегати, Индустриска ладилна постројка, Автоматизација на процеси и постројки на дестилација, Автоматизација на постројка за сушење, Автоматизација на загревни и термички печки
Запознавање со дигиталните сигнали и системите за нивен пренос. Модулациски постапки. Својста на случајни сигнали, нивни автокорелациски функции и спектри. Поставување на статистички модел со основните компоненти за пренос и обработка на информаицја. Современи дигитални технологии.
- Наставник: Zoran Hadzi-Velkov
- Наставник: Marko Porjazoski
- Наставник: Valentin Rakovik