Комутација и рутирање е задолжителен предмет на студиската програма телекомуникации и информациско инжинерство (ТКИИ) во 3-от семестар на додипломски студии, кој носи 6 кредити.

Предавањата се покриени од проф. д-р Тони Јаневски, а вежбите ги држи доц. д-р Томислав Шуминоски.

Фондот на часови е: 3+1+1+0.

Цели на предметот се изучување и теоретска и практична анализа на современите дигитални комутациски структури и системи во телефонска мрежа, сигнализација и сигнализациски протоколи, синхронизација на мрежата, комутација на пакети, принципи на рутирање и рутирачки протоколи во Интернет.