Една од главните цели е студентите да се запознаат со дизајнирачките методи користејќи ги модерните техники за добивање управувани системи што ги задоволуваат барањата кои се добро развиени во класичната теорија на управување. Целта на овој предмет, исто така, е основните резултати од теоријата на естимација и управување да ги направи достапни на широк сегмент од технолошкото и научното општество. Со тоа студентот станува компетентен за решавање проблеми поврзани со управување на процеси и системи од секаков вид, бидејќи естимацијата е обично прв чекор во имплементирање на управувачки влез, т.е., неопходно е да се изведе процесното поведение пред да може да се примени ефективното управување.
- Teacher: Blagoj Hristov
- Teacher: Vesna Ojleska
- Teacher: Dushko Stavrov