Облици на енергија и нивна трансформација во електрична енергија. Основни концепти во електроенергетските системи (ЕЕС) – еднонасочни и наизменични системи.Трифазни ЕЕС. Моќност и енергија. Структура на ЕЕС – основни карактеристики на системите за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија. Искористување на електрична енергија.Електроенергетски дејности и основни принципи на снабдување. Основни карактеристики на нисконапонски електроенергетски инсталации. Основни карактеристики и моделирање на елементите на ЕЕС. Надземни и кабелски водови, нивни карактеристики и примена. Пад на напон, загуба на моќност загуба на моќност во елементите на ЕЕС.Проблем на распределба на моќности во ЕЕС. Основни претпоставки за решавање на распределба на моќности во ЕЕС. Потреба од регулација на фреквенција и регулација на напони во ЕЕС. Интерконектирани ЕЕС – основни поими и дефиниции.
- Наставник: Aleksandra Krkoleva
- Наставник: Vasko Zdraveski