Запознавање со основите на теоријата на системите, нивно моделирање и претставување, анализа на работни состојби, добивање решение на матрична состојбена равенка во просторот на состојби, трансформации и еквивалентни системи, запознавање со основните структурни особини кај системите: управливост, набљудливост и стабилност. Со положување на предметот студентот ќе биде оспособен за претставување и моделирање на системи од било каква природа, а не само технички; нивна анализа за решавање на разни поставени проблеми од инженерската практика и нетехнички дисциплини.
- Наставник: Vesna Ojleska
- Наставник: Ана Николовска