Site news

Информација за ваучери за обуки за студенти

Информација за ваучери за обуки за студенти

од e-kursevi admin -
Number of replies: 1

Почитувани студенти,

Ве информираме дека во тек е организацијата за спроведување на мерката за издавање на ваучери на млади лица за обуки за дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот.

Информации за мерката:

  • мерката важи за млади лица помеѓу 18 и 29 години со најмалку завршено средно образование

  • ваучерот би имал максимална номинална вредност 30 000 ден. и би покривал 50% од вкупната цена на обуката.

  • ваучерот може да се искористи во период од 15 август 2020 година до 15 декември 2020 кај давателот на обуки за дигитални вештини.

Во рамките на оваа мерка и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) конкурира како давател на обуки за дигитални вештини и има пријавено 22 обуки од различни области што ги негува Факултетот.

Листа на обуките може да се види во документот во прилог, а детали за обуките на линкот:

https://feit.ukim.edu.mk/cdu/kursevi-obuki/

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ВАУЧЕРИ!!!

1. Регистрација на корисник на uslugi.gov.mk

За да може да се пријавите за ваучер од оваа мерка прв неопходен чекор е да се направи регистрација на корисник на порталот uslugi.gov.mk.

ЗАТОА за да бидете подготвени кога ќе се објави листата на обуки и даватели на услуги ПОТРЕБНО е навремено да ја завршите оваа регистрација (ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНИТЕ 2-3 ДЕНА!!!)

Детали за регистрацијата на кориснички профил на порталот uslugi.gov.mk од Уредбата на Владата за оваа мерка:

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Чекор 1:

Доколку младото лице нема кориснички профил на Порталот, поднесува барање во форма на електронска порака за отварање на кориснички профил на Порталот до електронската адреса: obuki@uslugi.gov.mk, со која управува Министерството за информатичко општество и администрација. Младото лице е должно во прилог кон барањето да достави скенирана лична карта или патна исправа и мобилен телефонски број за контакт.

Чекор 2:

По поднесување на барањето, а доколку истото ги содржи бараните податоци, Министерството за информатичко општество и администрација спроведува постапка за автентикација на идентитетот на подносителот на барањето за отварање на кориснички профил преку телефонски повик до мобилниот телефонски број за контакт кое го навело младото лице во своето барање, заради потврда на интегритетот на доставените податоци и нивната поврзаност со подносителот на барањето.

Чекор 3:

По спроведената постапка за автентикација, Министерството за информатичко општество и администрација врши регистрација на кориснички профил на Порталот во име и за сметка на младото лице.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

2. Апликација за ваучер

По регистрација на корисник, откако ќе бидат објавени давателите на обуки и соодветните обуки, за ваучер ќе се аплицира преку порталот uslugi.gov.mk за што ќе добиете дополнителни информации откако ќе се објават.


За дополнителни информации околу обуките обратете се на е-маил: cdu@feit.ukim.edu.mk


In reply to e-kursevi admin

Одг: Информација за ваучери за обуки за студенти

од e-kursevi admin -
Почитувани студенти,

По неколку ваши реакции и дополнителни консултации со надлежните институции добивме информација дека адресата obuki@uslugi.gov.mk за регистрација на нови корисници на порталот uslugi.gov.mk која беше дадена во претходната порака (а наведена во Уредбата за мерката) може да се користи само за итни случаи.

Регистрацијата ќе се реализира преку сајтот на Управата за јавни приходи

https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/register.seam

Повеќе информации околу самата мерка за ваучерите и процесот на регистрација се дадени во Упатството изготвено од Министерство за
информатичко општество и администрација

https://mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/upatstvo_za_mladi_lica_v2.2.pdf

Се извинуваме за претходната информација околу регистрацијата.

Со почит,
ФЕИТ