Site news

Промоција на македонската секција на ИЕЕЕ

Промоција на македонската секција на ИЕЕЕ

by e-kursevi admin -
Number of replies: 0

Почитувани студенти,

Во вторник од 1 часот попладне, во просториите на ИНОФЕИТ ќе се одржи
презентација за промоција на ИЕЕЕ членство.
На презентацијата ќе имате можност да дознаете за придобивките на членување во ИЕЕЕ, активностите, како и попустот за нови членови на македонската секција на ИЕЕЕ. Македонската секција на ИЕЕЕ оваа година одржа повеќе од 20 ексклузивни поканети предавања и дискусии за своите членови, а ова се само дел од нив: * „Fraunhofer Research Group for Cognitive Material Diagnostics“ на проф. д-р Краљевски од Brandenburg University of Technology, Germany; * „High quality simulation of early vocal learning“ на проф. д-р Yi Xu од University College London; * „Deep learning applications to remote sensing and medicine“ на проф. д-р António Cunha од University of Trás-os-Montes and Alto Douro, Portugal; * „Biomimetics of nests – Sustainable construction material“ на проф. д-р Sandra Pereira од University of Trás-os-Montes and Alto Douro, Portugal; * „The myelin-weighted connectome: A new look at neurodegenerative diseases“ на д-р Бошковски од Polytechnique Montréal. На настанот ќе биде детално презентиран и начинот на зачленување во секцијата. Сите оние кои се заинтересирани, може да понесат лаптоп и да се зачленат за време на презентацијата. Присуството на настанот е бесплатно, а регистрацијата е пожелна. Линк за регистрација: https://events.vtools.ieee.org/m/339315 [1] Слободно контактирајте ме доколку имате било какви прашања во однос на ИЕЕЕ. Поздрав, Стефан Момир <stefann@ieee.org> Македонска секција на ИЕЕЕ