Site news

Покана за пријава на RoboMac 2024

Покана за пријава на RoboMac 2024

by e-kursevi admin -
Number of replies: 0

Почитувани колеги,

Ни претставува големо задоволство да Ве известиме дека во тек е организирањето на 12-то издание на RoboMac, RoboMac 2024, кој претставува натпревар, семинар и студентска конференција во полето на роботиката, автоматиката, електроника и вештачката интелегенција. Носители на настанот се Факултетот за електротехника и информациски технологии и Македонската Секција на ИЕЕЕ (IEEE – The Institute for Еlectrical and Еlectronics Еnginеers), а е во коорганизација со Факултетското студентско собрание на ФЕИТ.

Главната цел на овој настан е да се популаризира роботиката меѓу студентите и младите луѓе во Македонија и регионот, како и да се иницира и поддржи работата на многу други проекти поврзани со роботиката. Како една од главните придобивки од организирањето на ваквиот  тип на натпревар-работилница, ја сметаме комуникацијата помеѓу учесниците, можноста за работа во тимови, работењето со вистински роботи и предавања за најактуелни теми од областа.

Овогодинешниот RoboMac предвидено е да биде одржан во период од 22-27 април 2024 година.

Имајќи ја предвид можноста за дружба, стекнување знаење и позитивни искуства, наградени со 2 ЕКТС, топло ве охрабруваме да бидете дел од настанот и се пријавите на формуларот, даден на следниот
линк
: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSedAU5TuRvSSRfVoZrzJxXiTEGyXfUoi5YU0NWKr9DrmEdVdA/viewform

Дополнителни информации за категориите може да најдете во .pdf презентацијата, во прилог на оваа порака.
Краен рок за пријавување е 12.4.2024 (петок).

Со почит и поздрав,
Организационен тим на RoboMac 2024