Почитувани студенти,
Со големо задоволство Ве известуваме дека Здружението за истражување и промоција на енергетската ефикасност и одржлив развој и оваа година ја
организира Студентската конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој(СКЕЕОР) 2025 https://skeeor.feit.ukim.edu.mk/?lang=mk
Оваа тринаесета по ред конференција ќе се одржи во периодот од 28 до 31 октомври 2025 година, и повторно ќе биде настан на којшто млади истражувачи,
професори, и експерти од индустријата, ќе ги споделат своите идеи и визии.
Ве покануваме да бидете дел од конференцијата и да го споделите своето знаење и истражувачка работа во рамки на истата.
Вашето учество како автор на студентски труд не само што ќе придонесе за квалитетот на конференцијата,
туку и ќе поттикне нови размислувања и идеи меѓу студентите и идните истражувачи.
Ве поттикнуваме да се пријавите за учество на конференцијата со изработка на труд и негова презентација на СКЕЕОР 2025 на https://skeeor.feit.ukim.edu.mk/?page_id=2326&lang=mk
Како признание за работата и придонесот, секој учесник кој е автор на труд добива 2 ЕКТС кредити.
Во интерес на сите учесници и поради текот на третата испитна сесија, роковите за поднесување на трудови се продолжени.
Ве охрабруваме да се пријавите и да бидете дел од оваа приказна заедно со нас. За било какви прашања или сугестии, достапни сме на е-маил или преку нашите социјални мрежи.
Со нетрпение очекуваме да Ве видиме и заедно да создадеме уште едно незаборавно искуство!
Со почит,
Организациониот одбор на СКЕЕОР 2025
Информација за 13та Студентска конференција за енергеткса ефикасност и одржлив развој СКЕЕОР 2025
од e-kursevi admin -
Број на одговори: 0