Site news

Покана за пријава на RoboMac 2026 

Покана за пријава на RoboMac 2026 

од e-kursevi admin -
Број на одговори: 0

Почитувани колеги,

Ни претставува големо задоволство да Ве известиме дека во тек е организирањето на 14-то издание на RoboMac, RoboMac 2026, кој претставува натпревар, семинар и студентска конференција во полето на роботиката, автоматиката, електрониката и вештачката интелегенција. Носители на настанот се Македонската Секција на ИЕЕЕ (IEEE – The Institute for Еlectrical and Еlectronics Еnginеers), преку нејзиниот студентски огранок при УКИМ и Факултетот за електротехника и информациски технологии, а е во коорганизација со Факултетското студентско собрание на ФЕИТ.

Главната цел на овој настан е да се популаризира роботиката меѓу студентите и младите луѓе во Македонија и регионот, како и да се иницира и поддржи работата на многу други проекти  поврзани со роботиката. Како една од главните придобивки од организирањето на ваквиот тип на натпревар-работилница, ја сметаме комуникацијата помеѓу учесниците, можноста за работа во  тимови, работењето со вистински роботи и предавања за најактуелни теми од областа.

Овогодинешниот RoboMac предвидено е да биде одржан во период од 20 - 25 април 2026 година.

Имајќи ја предвид можноста за дружба, стекнување знаење и позитивни искуства, наградени со 2 ЕКТС, топло ве охрабруваме да бидете дел од настанот и се пријавите на формуларот, даден на следниот линк: https://forms.gle/pZMbPcAWsRTQGvvC8 

Дополнителни информации за категориите може да најдете во .pdf презентацијата, во прилог на оваа порака.

Краен рок за пријавување 5.4.2026 (недела).

Со почит и поздрав,
Организационен тим на RoboMac 2026