Site news

Покана за учество на Western Balkans Cybersecurity Marathon 2026

Покана за учество на Western Balkans Cybersecurity Marathon 2026

од e-kursevi admin -
Број на одговори: 0

Почитувани студенти,

 

MKD-CIRT – Националниот тим за одговор на компјутерски инциденти, во својство на национален координатор за Република Северна Македонија, со задоволство Ве поканува да учествувате на Western Balkans Cybersecurity Marathon 2026 – регионална иницијатива насочена кон јакнење на професионалните капацитети и поттикнување на вклученоста на младите во областа на сајбер-безбедноста.
Иницијативата е организирана од AKSHI – Република Албанија, во соработка со националните CSIRT/CERT тимови и универзитетите од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Маратонот ќе се реализира во периодот септември – декември 2026 година, преку заедничка онлајн платформа обезбедена од Dream Group Company. Во текот на 12 недели, секој четврток ќе бидат објавувани нови предизвици.
Програмата ќе комбинира теоретска обука, практични лабораториски вежби и Capture the Flag (CTF) предизвици, преку кои учесниците ќе можат да ги развиваат и тестираат своите знаења и практични вештини. Студентската програма ќе биде реализирана во четири фази, со времетраење од две до три недели:
  • Cybersecurity Fundamentals и OSINT;
  • Blue Team;
  • Purple Team;
  • Red Team.
Завршниот настан – Grand Finale, ќе се одржи со физичко присуство во Тирана, на 17 декември 2026 година.
Планирано е учество на студенти на возраст од 16 до 25 години, запишани на студиски програми од областа на сајбер-безбедноста, информатичката технологија, компјутерските науки, компјутерското инженерство, телекомуникациите или други сродни области.
Од кандидатите се очекуваат интерес и основни познавања од областа на сајбер-безбедноста, како и можност активно да учествуваат во текот на целата програма. Претходното искуство со CTF натпревари не е задолжително, но ќе се смета за предност.
Повикот е за студенти на насоките КТИ, ТКИИ, КСИАР, КХИЕ со најмалку освоени 120 ЕКТС кредити.

Во прилог Ви ги доставуваме Participation & Implementation Guidelines – Western Balkans Cybersecurity Marathon 2026, кои содржат дополнителни информации за програмата, условите и начинот на учество.

 
cybersec

Со почит,

ФЕИТ