Летна школа - мултимедиски технологии 2016
Пријавете се на летната школа „Мултимедиски технологии“, која ќе се одржи во периодот 12.09.2016 - 16.09.2016.
Во програмата се опфатени предавања за дигитална обработка на звук, говор, слика и видео од страна на професори на ФЕИТ и популарни предавања за дигиталното креирање на мултимедиска содржина. Со летната школа имате можност за стекнување на вештини за обработка на сигнали со практична работа во Матлаб.
Летната школа е предвидено да има и натпреварувачки карактер, односно евалуација на успешноста на сработените проекти.
Со завршувањето на школата ви следуваат 1,5 ЕКТС кредити.
Пријавете се на следниот линк: http://tiny.cc/LSMT , или преку сајтот на DIPteam (http://dipteam.feit.ukim.edu.mk), каде што ќе можете подетално да се запознаете со
програмата и темите на школата.