Предавање од проф. Едвард Сименс од Анхалт Универзитет, Германија
Во четврток 02.03.2017 со почеток во 11 h во салата за конференции на ФЕИТ, две предавања ќе одржи проф. Едвард Сименс од Анхалт Универзитет, Германија на следните теми:
"Double Degree study organization on the example of Communications and Embedded Systems Master Program of Anhalt University"
и
"Smart Lighting Concept of Anhalt University"
Двете предавања ќе следат едно по друго со отворена дискусија на темата после секое предавање.
Ги покануваме сите заинтересирани студенти и колеги да присуствуваат и да се запознаат со проф. Сименс, со можностите кои ги нуди Универзитетот, како и проектите на кои работи.
Институт за КТИ при ФЕИТ