Запознавање со office алатки. Запознавање со оперативниот систeм Linux. Работа со LaTex и приготвување на официјални документи

Запознавање со различни структури и алгоритми за манипулација со податоци. Воведување на концептите на објектно-ориентирано програмирање.

Запознавање со основните поими и појави од електромагнетизмот и нивно објаснување, електромагнетна индукција, индуктивност. Oднесување на отпорник, кондензатор и индуктивен елемент во електрично коло со простопериодични струи и напони; методи за анализа на електрични мрежи со простопериодични струи и напони; резонанција; електрични кола со индуктивно спрегнати елементи; полифазни и трифазни електрични кола.

Запознавање со основните поими и појави од електростатиката, со основните закони и теореми  во теоријата на електрични кола и со некои методи за анализа на електрични мрежи со временски константни струи и напони. Користење на основните законитости во електротехниката при решавање на конкретни проблеми во инженерството.