Цели на предметната програма (компетенции)
Запознавање на студентите со основните закони од теоријата на електрични кола. По завршувањето на курсот студентот ќе е оспособен за користење на методи и техники за анализа на електрични кола.
Содржина на програмата
Електрични кола од прв и втор ред (RC, RL и RLC). Преодни појави и анализа во стационарен режим. Простопериодичен синусен режим. Фазори. Релации меѓу фазори за елементите на колата. Комплексни броеви (фреквенциски домен). Импеданса и адмитанса. Кирхофови закони и методи за решавање во фреквенциски домен. Моќност во простопериодичен режим. Индуктивно спрегнати кола. Фреквенциски одзив. Преносна функција. Сериска и паралелна резонанција. Пасивни филтри. Трифазни системи. Мрежи со два пристапа.
- Наставник: Vesna Arnautovski Toseva
- Наставник: Vladimir Gjorgievski
- Наставник: Marija Kacarska
- Наставник: Blagoja Markovski
- Наставник: Бодан Велковски