Цели на предметната програма (компетенции)

Запознавање на студентите со основните закони од теоријата на електрични кола. По завршувањето на курсот студентот ќе е оспособен за користење на методи и техники за анализа на електрични кола.

Содржина на програмата

Електрични кола од прв и втор ред (RC, RL и RLC). Преодни појави и анализа во стационарен режим. Простопериодичен синусен режим. Фазори. Релации меѓу фазори за елементите на колата. Комплексни броеви (фреквенциски домен). Импеданса и адмитанса. Кирхофови закони  и методи за решавање во фреквенциски домен. Моќност во простопериодичен режим. Индуктивно спрегнати кола. Фреквенциски одзив. Преносна функција. Сериска и паралелна резонанција. Пасивни филтри. Трифазни системи. Мрежи со два пристапа.


Вовед во нов тип на променливи. Сложени податочни типови.  Дефинирање на структури. Дефинирање, користење и компајлирање со сопствени заглавја. Автоматизирање на компајлирањето со помош на алатката make и Makefile. Вовед во C++. Концепти на програмирање во C++. Структури  во C++. Референци и покажувачи во C++. Функции и преоптоварување на функции. Концепти на објектно-ориентирано програмирање. Концепти на класи и објекти. Поими за конструктор и деструктор.  Нови податочни структури. Концептите на податочните структури магацини и редови. Пријателски класи и функции. Функции членови на класа. Преоптоваруање на оператори  (функции)  членови на класа.  Концепти за единечно поврзани листи. Концепти на двојно поврзани  листи. Двојно поврзани листи во C++.  Динамична алокација на меморија.   Концепти на наследување.  Концепт на полиморфизам. Обопштување на класи. Виртуелни Функции. Апстрактни класи.

Вовед во структури во C.   Дефинирање на заглавја и библиотеки. Дефинирање на сопствени заглавја. Користење на заглавја. Компајлирање на програми со сопствени заглавја.   Вовед во математички библиотеки Math.h и Complex.h.   Вовед во GSL библиотеки. Основни GSL функционалности. Работа на GSL со вектори и матрици. Динамично алоцирање на  меморија кај GSL. Работа со генерирање на случајни броеви и равенки со повеќе непознати.  Вовед во C++. Не објектно-ориентирани новини. Структури во C++. Преоптоварување на функции. Функции во структури. Низи од структури. Покажувачи наспроти референци. Вовед во објектно-ориентирано програмирање. Концепти на објекти. Дефинирање на класи. Kонструктори и креирање на објекти. Вгнездување на објекти. Динамична алокација на меморија. Препокривање на конструктори. Динамично алоцирање на објекти.  Наследување.

Курсот има за цел да ги запознае студентите со основните поими и појави од електростатиката и електромагнетизмот, со основните закони и теореми  во теоријата на електрични кола и со некои методи за анализа на електрични мрежи со временски константни струи и напони. По завршувањето на курсот студентот ќе е оспособен за користење на основните законитости во електротехниката при решавање на конкретни проблеми во инженерството. 

Студентите ќе идат оспособени за решавање на проблеми за определување на електростатско и магнетно поле, електричен потенцијал и енергија, електромоторна сила и индуктивност и користење на основните методи за решавање на електрични кола со отпорници напојувани со временски константни извори.

Куса содржина: Користење со вокабулар од областа на електротехниката и компјутерските науки; основни вештини на техничко пишување; зборообразување; специфични техники кои се користат во стручниот јазик: изразување на примена и намена на технички уреди, опишување на начин на работа на технички уреди и процеси, давање директни и индиректни инструкции, искажување на предвидувања и проценка,
изразување на причина и последица, изразување на контраст и споредување, дефинирање на поими во науката, опишување на структура; причинско-последичен однос; повторување на времиња; пасив; модални и фразни глаголи.

Course contents: Use of electrical and computer engineering vocabulary; basic technical and formal writing skills; word formation processes; contextual reference; describing function, purpose and means; cause and effect; introductory “it”, revision of tenses; passive structures; comparison and contrast; relative clauses; describing structure and sequence; If-supposition, prediction, advice; modal auxiliary verbs; phrasal verbs.

 

Запознавање со основите на компјутерските системи, принципите на програмирање и алгоритамско размислување. Пишување компјутерски програми преку користење алгоритми за решавање на различни проблеми.