Site news

Систем за евиденција на настава на ФЕИТ - зимски семестар 2019/2020

Систем за евиденција на настава на ФЕИТ - зимски семестар 2019/2020

by e-kursevi admin -
Number of replies: 0

Почитувани студенти,


Ве известуваме дека e потребно да го користите Системот за eвиденција на одржаната настава на Факултетот за електротехника и информациски технологии.  

За студентите од прва година: по одржувањето на првиот свечен час, заедно со индексите Ви беа поделени токени кои ќе се користат за регистрирањето на Вашето присуство на часовите од вашите запишани предмети според распоредот за тековниот семестар.

За студентите од погорните години: картичките/токените за евиденција веќе ги имате.


Системот фукционира само за предавалните во главната зграда: 109, 110, 111, 122, 211, 212, 223, а во најскоро време ќе биде инсталиран и за АМФ. (За потсетување) во продолжение се дадени одредени правила според кои се врши евиденцијата на присуството на наставата:
1. Секој студент е задолжен секојдевно да ја носи својата картичка/токен за евиденција и да ја користи за најавување на своето присуство на часовите на своите запишани предмети.

2. Студентите кои не ги подигнале своите картички/токени за Евиденција, тоа можат да го сторат во студентската служба на ФЕИТ. Картичките/токените се изготвени за сите студенти кои регуларно го запишале семестарот.

3. Студентите имаат обврска да ги чуваат доделените картички/токени.

4. Присуството на часовите се евидентира (се најавува) само еднаш за блок часови (без разлика дали блокот трае 1, 2 или 3 часа) (но потребна е посебна најава за предавања, а посебна за аудиториски вежби, дури и да ги држи ист наставник).

5. Најавата се евидентира за тековниот час само во периодот 15 минути пред и 15 минути по започнувањето на часот според распоредот. ( На пр. ако часот започнува во 08:00 h, најавата може да се направи од 07:45 до 08:15 h). Најава направена надвор од овој интервал нема да се евидентира како присуство на часот.

6. Студентите имаат право да се најават на првиот, или на вториот, (или на третиот) час од блокот, но ќе бидат евидентирани само од тој час па натаму во блокот часови.

7. НЕ ТРЕБА да се прави ОДЈАВА од блокот часови.


Од Деканатот на ФЕИТ и Тимот за евиденција на наставата