Site news

Бесплатен пристап до електронските броеви на Емитер за сите студенти и вработени на ФЕИТ

Бесплатен пристап до електронските броеви на Емитер за сите студенти и вработени на ФЕИТ

by e-kursevi admin -
Number of replies: 0

Почитувани студенти и колеги,

Како што известивме неодамна (https://feit.ukim.edu.mk/oglasna-tabla/emiter-besplatno-za-site-studenti-i-vraboteni-na-feit/) ФЕИТ стана првата високо-образовна институција корисник на системот за групна електронска претплата на ЕМИТЕР. Со ваква групна претплата, сите студенти и вработени од ФЕИТ ќе имаат неограничен пристап од ИТ мрежата на ФЕИТ до електронските броеви опфатени со претплатата, односно до сите броеви од оваа година плус претходните броеви од 2015 година до денес.

По неопходните технички прилагодувања на системот, претплатата стана ефективна. Пристапот е овозможен преку безжичните мрежи на ФЕИТ. За да пристапите до спомнатите електронски изданија на ЕМИТЕР треба да отидете на е-продавницата на Емитер www.emiter.mk и во полето за најава да се најавите со:

Е-адреса: emiter@feit.ukim.edu.mk

Лозинка: FEIT-Emiter

По најавата ќе можете да ги отворите и читате наведените броеви преку менито Профил > Моја е-библиотека или преку менито Списание ЕМИТЕР. За повеќе информации погледнете го следново Упатство https://emiter.mk/Gis/Upload/Upatstva/03_UpatstvoCitanjeFlipBuk_V3.pdf.

Веруваме дека претплатата на Емитер ќе биде од полза за сите студенти како вредна дополнителна литература при студирањето, особено за вежбите, практичните проекти, семинарските и дипломските трудови. Прет­платата исто­вре­мено претс­та­­вува и директна под­дршка за работата на ЕМИТЕР, сигнал дека ФЕИТ ја чувству­ва по­т­ребата за неформално дополнување на об­­разова­нието на своите студенти и ја под­држува едукативната, информа­тивна­та и науч­но-популарната мисија на списанието.

Исто така, напоменуваме дека ЕМИТЕР е отворен за соработка во насока на објавување на информации за активностите на ФЕИТ, како и со објавување на дипломски и семинарски работи од студентите и стручни трудови од наставниците. Списанието ЕМИТЕР е индексирано во НУБ “Климент Охридски“ и секој објавен напис ќе биде запишан во базите на НУБ како научно-популарен, стручен или научен труд на авторите.