Site news

Упатсва за пристап до предавања преку видео конференција

Упатсва за пристап до предавања преку видео конференција

by e-kursevi admin -
Number of replies: 0

Видое конференција преку Zoom

Кон предавањето се пристапува со клик на "Име на предавањето" кое се наоѓа во листата активности на курсот.
Пристапувањето ќе биде отворено во наведениот термин, но можно е да не ви биде дозволено најавување додека најпрво не се најaви модераторот(професорот/асистентот) на предавањето.
Треба да ви се појави сино копче Join meeting на кое треба да кликнете.
Од вас ќе биде побарано да симнете апликација zoom_launcher, која е неоходна за следење на предавањето. Ако програмата е веќе симната, најверојатно ќе ви се појави прозoрец на кој треба да кликнете Open link.
Ќе се појави форма во која треба да кликнете Join with video или Join without. Потоа кликнете Join with computer audio. Со цел да се избегне интерференција на звукот од предавачот препорачливо е да кликнете го копчето Mute.

Ако наидете на некој проблем, излезете од прозорецот и најавете се повторно.
 

 

Видое конференција преку BigBlueButton

Кон предавањето се пристапува со клик на "Име на предавањето" кое се наоѓа во листата активности на курсот.
Пристапувањето ќе биде отворено во наведениот термин, но можно е да не ви биде дозволено најавување додека најпрво не се најaви модераторот(професорот/асистентот) на предавањето.

По најавување на мoдераторот, ќе ви се појави сино копче Join session на кое треба да кликнете.

Ќе се појави форма во која треба да кликнете Listen only или Microphone, после што треба да изберете од кој аудио уред треба да го добиете звукот на излез и на крај да кликнете Allow.

Ако наидете на некој проблем, излезете од прозорецот и најавете се повторно.