Site news

Повик за online тренинг - курс за дислексија Life Upside Down // АЈНШТАЈН

Повик за online тренинг - курс за дислексија Life Upside Down // АЈНШТАЈН

од e-kursevi admin -
Број на одговори: 0

Почитувани,

 ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ДИСЛЕКСИЈА АЈНШТАЈН, во рамки на проектот “Младонска информираност за дислексија”
организира бесплатен онлајн тренинг за асистивна технологија за дислексија насловен Life Upside Down.
Онлајн тренингот ќе се спроведе на 28.04.2020 година со почеток од 18.00ч. и истиот е наменет за студенти од
Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).
 Тренингот ќе го води ПРОФ. Д-Р. АЛЕКСАНДРА КАРОВСКА РИСТОВСКА од институтот за специјална едукација и
рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје. Сите студенти кои ќе бидат дел од овој тренинг ќе се 
стекнат со сертификат за успешно завршен тренинг- курс. КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ: Заинтересираните студенти потребно е да го пополнат образецот за пријавување даден на линкот подолу и да го поднесат најдоцна до 27.04.2020 година до 17:00 часот. ЛИНКОТ ДО ОБРАЗЕЦОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfj1NN6M3ozJJDDHBxGfHDPe-KTUyCVJZcC6idxkn6I9V5Xgw/viewform Тренингот ќе се одржи преку платформата Zoom и истиот ќе биде со времетраење од час и половина. Сите прашања кои се однесуваат на повикот може да се постават на следнава
е-маил адреса: d.nikolovska@disleksija.org.mk
Линк до Facebook event: https://www.facebook.com/events/212772810004746 Со почит, Дарја Николовска Здружение за дислексија АЈНШТАЈН