Почитувани колеги, Со особено задоволство Ве покануваме на заедничката работилница организирана од Институтот за КТИ од ФЕИТ и групата Design for Testability (DFT) од Институтот IHP, Германија. Работилницата ќе се одржи на 10 и 11 Ноември 2015 година во просториите на ФЕИТ (Сала за конференции) од 09 до 17 h. Работилницата е дел од заедничката инцијатива за дефинирање нов заеднички научно-истражувачки проект, но ќе опфати претставување на истражувачките групи од двете страни, како и повеќе теми од следните области на истражување: Novel computer architectures, Dependable (multi)processor systems, High performance wireless systems, System design Деталната Агенда на работилницата е во документот во прилог. Се покануваат сите заинтересирани колеги, студенти и надворешни слушатели да присуствуваат на работилницата. Со почит, Институт за КТИ при ФЕИТ