Site news

Објавен е повикот за 11-то издание на СКЕЕОР

Објавен е повикот за 11-то издание на СКЕЕОР

by e-kursevi admin -
Number of replies: 0


Почитувани професори, асистенти и студенти,

Здружението за истражување и промоција на енергетска ефикасност и одржлив развој СКЕЕОР – Скопје, со задоволство Ве информира дека е објавен Повикот за пријавување на 11-тото издание на СКЕЕОР и Ве поканува да го одбележиме почетокот на втората деценија од успешното и активно дејствување.

Единаесетта студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“ - СКЕЕОР 2023 ќе се одржи од 4.12.2023 до 6.12.2023, на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Скопје, Република Северна Македонија.

Бидете и вие дел од успешните приказни на СКЕЕОР! Пријавете се со пополнување на Формата за аплицирање, достапна на веб страницата на СКЕЕОР.

 

Организационен одбор на СКЕЕОР