Почитувани колеги,
Ни претставува големо задоволство да Ве известиме дека во тек е организирањето на 13-то издание на RoboMac, RoboMac 2025, кој претставува натпревар, семинар и студентска конференција во полето на роботиката, автоматиката, електрониката и вештачката интелегенција. Носители на настанот се Македонската Секција на ИЕЕЕ (IEEE – The Institute for Еlectrical and Еlectronics Еnginеers), преку нејзиниот студентски огранок при УКИМ и Факултетот за електротехника и информациски технологии, а е во коорганизација со Факултетското студентско собрание на ФЕИТ.
Главната
цел на овој настан е да се популаризира роботиката меѓу студентите и
младите луѓе во Македонија и регионот, како и да се иницира и поддржи
работата на многу други проекти поврзани со роботиката. Како една од
главните придобивки од организирањето на ваквиот тип на
натпревар-работилница, ја сметаме комуникацијата помеѓу учесниците,
можноста за работа во тимови, работењето со вистински роботи и предавања за најактуелни теми од областа.
Овогодинешниот RoboMac предвидено е да биде одржан во период од 12-17 мај 2025 година.
Имајќи ја предвид можноста за дружба, стекнување знаење и позитивни искуства, наградени со 2 ЕКТС, топло ве охрабруваме да бидете дел од настанот и се пријавите на формуларот, даден на следниот линк: https://forms.gle/8D3qea1q1RZFc99P7
Дополнителни информации за категориите може да најдете во .pdf презентацијата, во прилог на оваа порака.
Краен рок за пријавување е 30.4.2025 (среда).
Со почит и поздрав,
Организационен тим на RoboMac 2025