Site news

Соопштение за студентите за начинот на изведување на наставата

Соопштение за студентите за начинот на изведување на наставата

by e-kursevi admin -
Number of replies: 0

Почитувани студенти,

 

Согласно мерките на Владата за спречување на ширењето на корона вирусот, ве информираме за начините на кои ќе се изведува наставата  во наредниот период.

1. Почнувајќи од среда, 18.3.2020, предавањата, вежбите и консултациите ќе се реализираат електронски.  Секој наставник, односно соработник, ќе постави соодветни материјали за учење на порталот e-kursevi. Материјалите ќе се поставуваат со динамика со која би се одвивале редовните предавања, односно вежби. На порталот ќе бидат поставени и соодветните делови од учебниците и збирките задачи кои се издадени одФЕИТ. 
2. Од среда,  18.3.2020, ќе започне спроведување на наставата на дел од предметите преку видео конференција, за што студентите ќе бидат информирани преку порталот за учење од соодветниот наставник, односно соработник. 

Најголем дел од видео конференциите ќе се реализираат преку системот за учење е-курсеви, каде ќе се користат платформите Zoom или BigBlueButton. Упатствата за користење на двата система може да ги наједете на форумот на  е-курсеви или на линкот

https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk/mod/forum/discuss.php?d=13397

3. Наставата преку видео конференција ќе се изведува во термините согласно тековниот распоред на часовите. 
4. Лабораториските вежби за кои е неопходно физичко присуство на студентите во факултетските лаборатории, ќе се одржат концентрирано во термини што ќе бидат дополнително определени. Доколку се создадат услови овие вежби ќе се одржат неделата од 13. до 16.4.2020 година. 

За сите предмети, за кои постои таква можност, ќе се организираат лабораториски вежби во виртуелно опкружување.

За начинот на изведување на лабораториските вежби ќе добиете информација од предметниот наставник, односно соработник. 

5. Консултациите ќе се одржуваат во објавените термини преку видео конференција, форум за прашања на порталот за учење или по е-маил.
6. Доколку условите го дозволуваат тоа, колоквиумската недела ќе се одржи од 21.4.2020 до 29.4.2020 година. Во спротивно, во јунската испитна сесија ќе бидат организирани два испитни рока за предметите од летниот семестар. 
7. Снимките од видео конференциите, согласно чл. 12 од Законот за авторски и други сродни права, се авторско дело кое, авторот не го пренесува на корисниците. Поради тоа, ве известуваме дека секое неовластено прикажување, репродукција и дистрибуција е казниво,согласно член 157 од Кривичниот законик.