Site news

Соопштение за СКЕЕОР 2021

Соопштение за СКЕЕОР 2021

by e-kursevi admin -
Number of replies: 0

Почитувани колеги,

Би сакале да Ви соопштиме дека Организацскиот одбор на Студентската конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“ – СКЕЕОР 2021, одлучи за последен пат да го продолжи рокот за приложување на апстракт и труд.

Поднесувањето на апстракт може да се изврши до 01.11.2021, а поднесувањето на труд до 15.11.2021.

Ги охрабруваме сите студенти на додипломски и постдипломски студии, кои сè уште не се пријавиле, да ја искористат оваа последна шанса и да аплицираат! Конференцијата оваа година ќе се одржи комбинирано: со физичко присуство на учесниците во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии, и виртуелно на ZOOM платформата за видеокомуникација, во периодот од 13.12.2021 до 16.12.2021 година.

Ве очекуваме!

Со почит,
Организациски одбор на СКЕЕОР 2021