Почитувани колеги,
Би сакале да Ви соопштиме дека
Организацскиот одбор на Студентската конференција „Енергетска ефикасност
и одржлив развој“ – СКЕЕОР 2021, одлучи за последен пат да го продолжи
рокот за приложување на апстракт и труд.
Поднесувањето на апстракт може да се изврши до 01.11.2021, а поднесувањето на труд до 15.11.2021.
Ги
охрабруваме сите студенти на додипломски и постдипломски студии, кои сè
уште не се пријавиле, да ја искористат оваа последна шанса и да
аплицираат! Конференцијата оваа година ќе се одржи комбинирано: со
физичко присуство на учесниците во просториите на Факултетот за
електротехника и информациски технологии, и виртуелно на ZOOM
платформата за видеокомуникација, во периодот од 13.12.2021 до
16.12.2021 година.
Ве очекуваме!
Со почит,
Организациски одбор на СКЕЕОР 2021